Баркли: Заработуваат по 50 милиони, а не се подготвени да играат трипати неделно

Легендарниот НБА-играч, Чарлс Баркли, жестоко го критикуваше трендот во НБА да се одмораат играчите и тие да не бидат во составот на секој натпревар. Според Баркли, дел од вината има и кај комесарот Адам Силвер, кој дозволил кошаркарите да добијат толкава слобода и одмор.

„Мислам дека навивачите не се лутат ако кошаркарите заработуваат по 30, 40 или 50 милиони долари и играат секоја ноќ. Но, не може да заработуваат по 30, 40 или 50 милиони долари и потоа да отсуствуваат на мечеви. Тоа покажува непочитување кон играта и кон навивачите кои плаќаат билети од своите тешко заработени пари и потоа да не може да ги гледаат милениците. Кошаркарите сега имаат приватни авиони, најдобри лекари. Не работат во фабрика за челик. Сигурен сум дека и луѓето кои работат во фабрика за челик се преморени, но секој ден одат на работа“, жесток беше во својата реакција Баркли.

- Оглас -

Најнови вести