Барнс: Ја критикуваме Црна Гора, а и дома го имаме истиот проблем

Џон Барнс, поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул и на англиската репрезентација, побара од Англиската фудбалска асоцијација прво да си го исчисти својот двор од расизам, а потоа да ги обвинува другите за таа работа. Според Барнс, проблемот со расизмот во Англија е поголем отколку во Црна Гора, против која е покрената истрага од УЕФА.

„Неодамна Стерлинг беше навредуван на расна основа од фановите на Челзи. Каква е разликата тогаш и сега? Мислам дека е лицемерно да зборуваме за Црна Гора и да зборуваме колку е страшно тоа што се случило, кога и дома не сме го решиле тој проблем. Во Црна Гора одиме еднаш годишно, а тука секој викенд имаме расизам. Немаме механизам за казнување на клубовите или затворање на стадионите на кои е присутен расизмот. Полесно ни е да ги нападнеме земјите од источниот дел на Европа без да погледнеме во сопствениот двор“, изјави Барнс.

- Оглас -

Најнови вести