Барнс: Мбапе во Ливерпул може да игра, ама како централен бек

Килијан Мбапе е фантастичен фудбалер, но не е одговор на отворените прашања кои ги има Ливерпул во моментов, смета легендната на Црвените, Џон Барнс. Според Барнс, трансферот на Французинот би бил добар само ако тој игра на позицијата централен дефанзивец, и приоритет на клубот треба да биде доведување на одбранбен фудбалер.

Се шпекулира дека Ливерпул би се вклучил во трка со Реал Мадрид за услугите на Мбапе, доколку младиот напаѓач одлучи да си замине од ПСЖ.

„Мбапе е фантастичен, но напаѓач не е позиција на која Ливерпул му требаат засилувања. Но, ако тој може да игра како централен дефанзивец, треба да го донесат уште во јануари. Треба да се гледа оваа сезона, ако Ливерпул заврши на некоја пониска позиција на табелата, тој нема да дојде во летниот преоден рок. Затоа ако има можност, веднаш треба да го купат. На краток рок, тој не е решение за Ливерпул“ – вели Барнс кој има сомнежи дали Мбапе би се вклопил во системот на Клоп.

- Оглас -

Најнови вести