Барса го продала Роналдињо за да го задржи Меси

Белорусинот Александер Хлеб кој во летото 2008 година потпиша за Барселона, но не се изнаигра многу во дресот на каталонците, сепак со присуството во клубот е сведок на работи кои се случувале во тоа време, а сега откри еден интересен детал од неговиот престој во Барса.

Таа сезона Барса со Пеп Гвардиола на клупата, освои тројна круна, иако многумина беа скептични, откако клубот тоа лето остана без Роналдињо кој во тоа време беше прва ѕвезда и главен играч. Си отиде и Деко, но се покажа дека тоа беа паметни потези на управата.

„Барселона во 2008 мораше да го продаде Роналдињо. Тие се плашеа дека поради него може да го загубат Меси. Роналдињо и Деко некогаш на тренинзи доѓале и пијани, и тоа било знак дека нешто мора да се направи. Времето покажа дека нивната продажба била добар потег“ – изјави Хлеб.

 

- Оглас -

Најнови вести