Барса го враќа Боатенг во Сасуоло

Барселона ќе го врати Кевин-Принс Боатенг во редовите на Сасуоло, откако шпанскиот првак одлучи да не му ја активира клаузулата од 8 милиони евра која стои во договорот од шестмесечната позајмица. Искусниот офанзивец во јануари пристигна на „Камп ноу“ сосема неочекувано, а требаше да биде замена за Луис Суарес во ситуации кога Уругваецот мораше да одмора.

Валверде нема да смета на него, па затоа клубот ќе го врати во Италија, а се очекува Боатенг да побара нова средина бидејќи не сака да остане во Сасуоло.

Во изминатата сезона Боатенг запиша само 240 минути во Ла Лига без посебен учинок. Барса му беше 11-ти клуб во кариерата, претхдно ги бранеше боите на: Херта, Тотенхем, Портсмут, Дортмунд, Џенова, Шалке, Ајнтрахт Франкфурт, Милан и Лас Палмас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести