Барса и Јунајтед многу порано ja започнаа „војната“

Манчестер јунајтед одговори на безобразлукот кој го направи Барселона со покачување на цените за билетите кои се наменети за гостинските навивачи во четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите. Имено, за поддржувачите на „црвените ѓаволи“ цените на билетите ќе бидат 120 евра, сума која се чини преголема за оние кои планираат да патуваат во Барселона, па планираниот севкупен трошок со сместување и пат значително им се зголеми.

Никогаш претходно навивачи на Манчестер јунајтед не платиле толкава цена за билети на гостувања, не сметајќи ги финалињата од ЛШ. Токму затоа, тие со иста мера ќе му вратат на шпанскиот првак.

Јунајтед исто така ќе наплаќа по 120 евра за гостински билет за првиот четвртфинален дуел кој ќе се игра на „Олд Трафорд“, а дел од собраниот промет од билетите управата ќе го употреби за финансиски да ги поддржи своите навивачи кои ќе патуваат во Каталонија за реваншот. На тој начин, фановите на Јунајтед нема да платат 120 евра за билен, туку 80, а ќе им биде покриен половина од трошокот за целото патување.

Првата пресметка на „Олд Трафорд“ е закажана за 10 април, додека возвратниот дуел на „Камп ноу“ ќе се игра шет дена подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести