Барса има кандидат за претседател што е голем песимист: Меси ќе си замине од клубот годинава

Агусти Бенедито е еден од кандидатите за нов претседател на Барселона што ќе се одржат на 14. јануари, а тој е веројатно и единствениот што не верува дека Лионел Меси ќе остане во клубот.

Сите останати кандидати ветуваат дека имаат план како да ја задржат аргентинската клупска икона на Барселона и тоа ветување дека Меси ќе остане и понатаму во единствениот клуб за кој играл во професионалната кариера им е главен адут во изборната трка.

Сепак Бенедито има поинакво мислење и е голем песимист дека Меси ќе продолжи да игра за Барса.

„Меси да остане во Барселона е желбата на сите што при срце им е клубот, но јас искрено сум песимист. Мислам дека ќе си замине во текот на оваа година. Да не заборавиме дека лани летото и практично Меси беше на заминување и за жал мислам дека ќе се случи тоа во 2021 година. За да остане треба да направиме голем пресврт и да го убедиме дека Барселона ќе биде конкурентна на сите фронтови во битка за титулите, што ќе биде многу тешка мисија“, вели Бенедито.

Меси е член на Барселона од 2001 година на почетокот како член на познатата „Ла Масија“, односно младинската Академија на Каталонците, а професионалната кариера ја почна во клубот во 2004 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести