Барса лани загуби во Кадис, а нов пораз на тој стадион сега ќе значи и заминување на Куман

Тјери Анри се спомнува како опција за наследник на Роналд Куман на клупата на Барселона. Откако Роберто Мартинес и Ерик Тен Хаг ја отфрлија можноста да го преземат каталонскиот клуб во случај на разделба со Куман, сега се шпекулира со Анри, кој во минатото три сезони играше за Барса, и тоа во време кога претседател на клубот беше сегашниот претседател Жоан Лапорта.

Французинот е прва опција на Лапорта, иако се спомнуваат и други тренери. Желба на навивачите е Чави, но тој засега не сака да го напушти Катар. Анри се спомнуваше како можен тренер и во 2017 година, но тогашното раководство го избра Ернесто Валверде.

Сепак, прво треба да се испразни тренерското место на кое во моментов е Куман. Холанѓанецот не е омилен во последно време, резултатите на тимот не се добри, но оправдување му се и бројните повреди. Вечерва Барса гостува кај Кадис и евентуален пораз, може да значи крај за Куман во Барселона.

Во минатата сезона, на мечот во декември, Барса загуби во Кадис со 1-2. По тој пораз, Барселона влезе во победничка серија, но овојпат нов кикс нема да му простат на Куман и евентуална победничка серија ќе треба да бараат со нов шеф на стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести