Барса може да го „шутне“ Валверде, веднаш му најдоа замена во шампионски тренер

Барселона ја одбрани титулата во шпанското првенство, но шокантната елиминација во полуфиналето од Лигата на шампиони, како и поразот од Валенсија во финалето на Купот на Шпанија, е доволен мотив да се шпекулира дека може да дојде до смена на клупата на гигантот од „Камп Ноу“.

Тренерот Ернесто Валверде неодамна го продолжи договорот со клубот до јуни 2020 година, но сепак во тој договор постоела клаузула според која, Барселона може да му даде отказ, доколку резултатите не се посакувани. Тој отказ би бил на штета на Валверде, бидејќи тренерот не би добил ни едно евро оштета.

Во една таква ситуација, започнаа шпекулациите за можен нов тренер на Барселона. „Диарио Спорт“ најавува дека Масимилијано Алегри е прва опција, доколку Валверде добие отказ. Алегри сезонава го предводеше Јувентус до осмата титула во низа во Серија А, но и Старата дама разочара во Лигата на шампиони, кога беше елиминирана од Ајакс во четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести