Барса му нуди значајна функција на Карлес Пујол

Барселона воспоставила контакт со поранешниот клупски капитен Карлес Пујол околу позицијата генерален менаџер. Оваа функција е слободна по заминувањето на Пеп Сегура, па челниците на шпанскиот првак му ја понудија на човекот кој своевремено гласеше за еден од најдобрите светски дефанзивци, а потекнува од нивната школа.

Како миленик на својата генерација, од Пујол се очекува да ја оправда довербата, а покрај тоа што ќе го има својот збор околу потенцијалните засилувања на тимот, тој ќе треба да биде клучот за врската меѓу управата и стручниот штаб.

Пујол бил следен од низата поранешни фудбалери кои се вратија да работат во Барселона. Голманот Виктор Валдес сега е тренер на јуниорите, Патрик Клајверт командува со обврските во академијата, додека Ерик Абидал има задача на генерален секретар.

- Оглас -

Најнови вести