Барса направи невиден кикс, сите во Еспањол им се смеат

Барселона е во преговори за нов договор со нејзиниот 16-годишен талент Јаикс Мориба, но клубот направил голема грешка, кога мејлот со понудата, бил испратен на погрешна адреса. Наместо понудата да стигне кај агентот на тинејџерот, таа завршила кај техничкиот директор на градскиот ривал Еспањол.

Во Еспањол овој гаф го прифатиле со насмевка, а од предлогот се информирале и дека Мориба бара многу пари, повеќе од некои играчи во првиот тим на Еспањол.

Мориба е роден во Гвинеја, и се одликува со силен шут, па многу го ценат во Барселона, и веруваат дека во иднина ќе заигра и за првиот тим, а секако е еден од најскапите јуниори во историјата на академијата. Сега тој игра само за тимот на Барса за играчи до 19 години.

Од Еспањол сепак се однесувале колегијално, па на ривалите од Барселона им кажале за грешката, и одлучија да не кажуваат во јавност за сумите во предлогот за висина на плата за Мориба.

- Оглас -

Најнови вести