Барса остана три месеци без Араухо, а од ФИФА ќе добие смешно обесштетување

Роналд Араухо ќе биде надвор од терените околу три месеци поради повреда со која што се здоби за време додека е дел од селекцијата на Уругвај.

Дефанзивецот на Барселона е под знак прашалник за СП во Катар, а како што е пракса, ФИФА им исплаќа обесштетување на клубовите.

Во овој случај, Барса доби смешна сум од 20.700 евра, со оглед на времетраењето на повредата.

Каталонците во наредниот период играат средби против Интер, Баерн Минхен и Реал Мадрид, кои може да бидат одлучувачки за текот на сезоната, особено двете средби во Лигата на шампионите.

Неговото отсуство ќе се почувствува во одбраната на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести