Барса почна да собира пари за Нејмар: Малком се сели во Русија

Шпанскиот првак Барселона сè уште се надева дека може да го добие потписот на Нејмар ова лето. Каталонците претходно ги осигурија услугите на Антоан Гриезман и Френки де Јонг за вкупно 195 милиони евра, додека 35 милиони евра потрошија на голманот Нето.

За да го вратат Нејмар, ќе треба целосно да ја испразнат касата, но и да продадат неколку играчи за да ослободат место за плата. Веќе се споменуваа Ракитиќ, Умтити, Кутињо, Малком како играчи кои нема да ја продолжат кариерата на „Камп ноу“, па прв од оваа листа кој ќе замине ќе биде младиот Бразилец.

Барса лани за Малком му исплати 41 милион евра на Бордо, па иако настојуваа да добијат најмалку 50 милиони евра за неговата продажба, наводно веќе ја прифатиле понудата од рускиот шампион Зенит од Санкт Петербург вредна 40 милиони евра. Шпанските медиуми навестуваат дека преговорите се во завршна фаза и дека Малком наскоро ќе биде нов играч на Зенит.

За играч кој минатата сезона на терените помина малку повеќе од 1 000 минути, Барса успеа да ги врати вложените средства и да се фокусира на мисијата „Нејмар“.

 

- Оглас -

Најнови вести