Барса првпат ќе игра во ваков состав, дали ќе може да стигне до победа!?

Барселона против Еибар ја има улогата на апсолутен фаворит, посебно поради тоа што дуелот се игра на „Камп ноу“. Овие две екипи во изминативе шест години одиграа 12 меча, а Каталонците победија 11 пати, а само еднаш било нерешено. Во секој од тие дуели, Барселона дава минимум по два гола.

Вечерва сите очекуваат сигурна победа на домаќините, но тренерот Роналд Куман ќе треба да ја најде вистинската формула за да ја продолжи добрата традиција. Дури петмина стартери на Барселона ќе отуствуваат вечерва. Капитенот Лионел Меси доби поштеда и нема да игра, додека Жорди Алба има парни жолти картони и мора да паузира. Поради повреди ќе ги нема ниту Пике, Роберто и Фати.

Во една ваква ситуација, Куман комбинира состав кој досега никогаш претходно не излегол со такви стартни 11-мина играчи. Најавено е дека Барселона ќе биде во формација 3-4-2-1, а во стартниот тим ќе има место за: Тер Штеген – Минкуеза, Араухо, Легле – Дест, Пјаниќ, Де Јонг, Жуниор Фирпо, – Педри, Гриезман – Брајтвајт.

 

- Оглас -

Најнови вести