Барса сака да го премисли човекот кој порача дека никогаш не би бил нивен тренер

Ернесто Валверде во текот на денешниот ден ќе добие отказ и веќе нема да биде тренер на фудбалскиот клуб Барселона, најавуваат неколку медиуми блиски до Барса. Неговиот престој ќе заврши, а клубот бара негов наследник. Засега се шпекулира дека има тројца аргентински и еден шпански кандидат за нов тренер. Но, засега ова се само гласини. Валверде го водеше денешниот тренинг на Барса.

Барселона беше одбиена од Чави и Роналд Куман, па сега се вртат кон други опции. Има дури тројца сонародници на Лионел Меси како кандидати. Се спомнуваат Марсело Гаљардо од Ривер плејт, Габриел Милито од Естудијантес ла Плата и, изненадувачки, Маурисио Покетино, кој е без ангажман. Од Шпанците, фаворит е Кике Сетиен.

Најинтересно решение е Покетино, кој неодамна си замина од Тотенхем. Тој во јануари 2018 година изјави дека попрво би работел на фарма во Аргентина отколку да биде тренер на Барселона.

„Никогаш не би бил тренер на Барселона или Арсенал. Попрво ќе работам на фарма во Аргентина, отколку таму. Јас се идентификувам со Еспањол и Тотенхем. Исто така пораснав во Њуелс олд бојс и никогаш не би одел во Росарио сентрал“, рече Покетино.

- Оглас -

Најнови вести