Барса се префрла на план Ц, ќе пазари напаѓач од Челзи

Барселона ќе мора да размислува и за планот Ц во трката да се ангажира квалитетен шпиц во летниот трансфер период, а сега сериозно во игра влегува Ромелу Лукаку.

Напаѓачот на Челзи не е задоволен на „Стемфорд Бриџ“, а ниту од клубот не се најсреќни со неговите настапи, откако платија огромна сума од 115 милиони евра на сметката на Интер, лани во август што беше и кам-бек на Белгиецот во клубот од Лондон.

Лукаку сака да си замине, а Барселона го вклучи на списокот со можни засилувања, отако тешко и одат плановите за ангажман на Ерлинг Халанд и на Роберт Левандовски.

Норвежанецот од Борусија Дортмунд долго време беше најавуван како засилување за Барселона, дури со менаџерот Мино Рајола беа во Барселона на преговори лани, но работата се изјалови и Халанд веројатно ќе замине во Манчестер сити, или во Реал Мадрид.

И за Левандовски беше објавувано дека е речиси сигурно ќе биде нов член на Барселона, но Баерн не го дава европскиот крал на стрелците и сака по секоја цена да го задржи.

Тоа ќе го активира планот Ц и Барселона ќе се насочи сериозно кон ангажман на Лукаку, за да ја пополни можеби и најпроблематичната позиција во тимот, местото класичен напаѓач.

 

- Оглас -

Најнови вести