Барса требаше да го купи Столе уште во јануари, сега ќе немаше мака

Барселона зимоска во јануарскиот преоден рок планираше и сакаше да го ангажира Столе Димитриевски на местото на Нето, како резервен голман, но трансферот не се реализираше, Нето не си замина, и Столе остана во малиот мадридски клуб Рајо Валјекано.

Ако Каталонците тогаш го купеа Столе со кој ги имаа договорено сите детали околу преминот, сега ќе немаа ѕид против себе кога играат со Рајо. Од друга страна, и за Димитриевски немаше да се пишува во медиумите ако беше резерва во Барселона, наместо вака, со фантастични одбрани да ги запре ѕвездите на големиот противник кој сезонава има големи амбиции.

Димитриевски има договор до 2024 година, а после партии како синоќешната против Барса, неговата цена само ќе расте.

Барселона никогаш не била првак на Шпанија кога во прво коло одиграла 0-0 на гости. Да беше друг голман кај Рајо меѓу стативите, можеби Барса ќе имаше повеќе среќа, вака историјата е испишана, и грешката што не го купија е потврдена.

- Оглас -

Најнови вести