Барса во голем стил се врати во победнички ритам

По првиот претрпен пораз на домашен терен во Евролигата, Барселона се врати на вистинскиот пат во голем стил и со убедлив триумф над Олимпија Милано од 87:71.

Составот на Јасикевичиус тргна фуриозно со серија од 11-0 на стартот од средбата, но Манекените веќе во вториот период го свртеа резултатот и на паузата заминаа со +4 поени предност при резултат 39:43.

Неизвесноста траеше до стартот на решавачкиот период, кој Барса го осови со 27-10 по што беше јасно дека домаќините ќе ја остварат 10-тата овосезонска победа за враќање на лидерската позиција во европскиот шампионат.

Миротиќ со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока ги предводеше Каталонците до победата, додека 23 поени на Дилејни не беа доволни за италијанскиот тим.

Претходно денес ЦСКА Москва го доби руското дерби против Химки со 96:87, Жалгирис убедливо славеше на гости кај ПАО при резултат од 81:69, додека Баерн го одбрани домашниот терен против Асвел со 76:62.

- Оглас -

Најнови вести