Барса во неверување, Фати по третпат мора под нож

Бисерот на Барселона, Ансу Фати, нема наскоро да се врати на терените туку се соочува со трета операција на коленото, повреда која го мачи од почетокот на ноември минатата година.

Досега двапати му беше извршен хируршки зафат на коленото на Фати, но младиот офанзивец повторно почувствувал болки, па сега и по третпат ќе мора под нож.

Прогнозите дека ќе заздрави до крајниот дел од актуелната сезона сега не важат, Фати ќе биде надвор од терените уште некое време бидејќи рехабилитацијата не се одвива според планот.

Ова е големо разочарување за талентираниот шпански репрезентативец, ако се знае дека сезонава ја почна одлично со пет погодоци во 10 настапи за Каталонците, и беше важен играч во составот на Куман.

- Оглас -

Најнови вести