(Видео) Барсегјан само ги разлути Аѕурите – Убедлива победа на Италија против Ерменија

Поранешниот играч на Вардар Тигран Барсегјан со прекрасна асистенција до Александар Карапетјан, кој погоди во 11-тата минута за Ерменија, најави изненадување во Ереван, но Италија се разбуди и со пресврт победи со 3:1.

Андреа Белоти со два гола и Лоренцо Пелегрини со еден погодок беа творци на новиот петти триумф на Аѕурите во петтиот квалификациски меч за пласман на ЕП 2022 година.

Голем проблем за Ерменците беше исклучувањето на стрелецот на голот Карапетјан во финишот на првото полувреме. Шпицот на рускиот Сочи заработи втор жолт картон, што значи автоматско исклучување, па Ерменците цело второ полувреме играа со фудбалер помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=9bn9rUT8ot4

Тоа го искористија гостите, но не им беше лесно бидејќи головите за победа ги постигнаа во последните 15-тина минути. Лоренцо Пелгрини погоди со глава во 77-мата минута, а потоа Белоти со вториот гол стави печат на максималниот учинок во пет кола на италијанската репрезентација. Шпицот на Торино постигна уште еден гол во последните моменти, но беше поништен, иако беше чист како солза.

Италија во групата Ј има 15 бода од пет натпревари, а Ерменците сега се со биланс од две победи и три порази на третата позиција со шест бода.

- Оглас -

Најнови вести