Барселона ќе ја почне авантурата во Лигата на шампионите без новото засилување Дани Олмо. Според информациите од Шпанија, тој ќе ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот тим поради повреда.
Олмо има истегнување на задниот дел на бутниот мускул и многу е веројатно дека ќе паузира околу еден месец. Сигурно ќе го пропушти претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Монако, нема да игра ниту против Вилјареал во Ла Лига. Неговото учество на натпреварот против Хетафе исто така е многу неизвесно.
Шпанскиот играч од средниот ред постигна три гола во три натпревари во Ла Лига, но се повреди при победата од 1-4 на гости кај Жирона. Тој го постигна третиот гол за својот тим на почетокот од второто полувреме, а потоа мораше да го напушти теренот.