Барселона денес се ослободи од една ѕвезда, уште две се на пат кон Италија

Барселона претходно денеска и официјално се ослободи од Иван Ракитиќ, кој се врати во Севилја, каде што ќе игра во следните четири години. Каталонците наскоро очекуваат да ја завршат соработката со уште две ѕвезди кои се на пат кон Италија.

Луис Суарес наводно ги договорил условите со Јувентус за преселба во редовите на италијанскиот првак, каде што треба да заработува иста плата како во Барселона, 10 милиони евра годишно. Се верува дека Бјанконерите ќе платат пет милиони евра отштета за да го добијат потписот на Уругваецот.

Вториот играч кој се сели во Калчо лигата е Артуро Видал. Чилеанскиот играч за врска е пред враќање во Серија А откако во минатото играше за Јувентус, а сега е блиску до трансфер во Интер. Нераѕурите уште од лани го бркаат потписот на Видал, кој пак работи на случајот да го раскине договорот со Барселона бидејќи на „Џузепе Меаца“ го чека двегодишен договор со можност тој да се продолжи на уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести