Барселона доби нова „деветка“, но може да сонуваат дека ќе биде приближно добар како Суарес

Мартин Брајтвајт е играчот кој во оваа сезона ќе го носи дресот со бројот 9. Фудбалерот кој дојде на „Камп ноу“ по завршувањето на последниот зимски преоден рок, за помалку од една година ја доби честа да го носи овој број што бил во сопственост на многу прославени фудбалери на Барселона во минатото.

Во претходните неколку сезони, деветката беше резервирана за Луис Суарес, кој беше принуден летово да си замине од клубот. Суарес од „Камп ноу“ си замина со 296 постигнати голови и стигна до третото место на вечната листа на стрелци во Барселона.

Брајтвајт е играч кој до пред една година настапуваше за тимот на Леганес, кој сега е второлигаш. Во Барселона пристигна принудно, откако се повреди Дембеле и на каталонскиот гигант му беше дозволено да купи нов играч. Иако во мечевите кои досега ги одигра, Брајтвајт не се прослави, тој ја доби привилегијата да биде новата „деветка“ во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести