Барселона е меѓу кандидатите за шампион на Копа Либертадорес 2020

Онаа неверојатна традиција од 2012 година наваму Копа Либертадорес да го освојува клуб од земја од која претходната година ја освојувал Копа Судамерикана, најавува дека следниот победник на најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка ќе му припадне на тим од Еквадор.

Годинава Судамерикана го освои Индепендиенте дел Валје, клуб кој во следната сезона ќе игра во елитниот Либертадорес. Претставници на Еквадор ќе бидат и Макара и Барселона Гвајакил. Овие три клуба ќе се обидат да ја продолжат традицијата, но нема да биде лесно.

Од Бразил, во следното издание на Копа Либертадорес ќе играат првакот Фламенго, Атлетико Паранаенсе, Палмеирас, Сантос и Гремио. Аргентина ќе ја претставуваат Ривер плејт, Бока јуниорс, Тигре, Расинг и Дефенса и хустисија.

- Оглас -

Најнови вести