Барселона е пред економски и морален банкрот, тврди клупската опозиција

Кандидатот за претседател на Барселона, Виктор Фонт, во интервју за весникот „Ел Мундо депортиво“, предвидува банкрот на клубот во блиска иднина.

„Барселона чекори кон деновите кои ние ги предвидувавме. Во моментов во клубот се води доста лоша финансиска политика, се појавија скандали на релација играчи-управа. Поради пандемијата од Коронавирусот и лошото работење, клубот може да стане заложник на економски и морален банкрот”, вели Фонт.

Фонт сака да го замени актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу и често го критикува за политиката која ја води. Тој ќе биде фаворит на претседателските избори во Барса во 2021 година бидејќи има поддршка од многу легенди на каталонскиот гигант.

 

 

- Оглас -

Најнови вести