Натпревари од Лигата на Европа и Ла Лига се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози искомбинирани на еден тикет прават квота од 41.7, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.20.
АЗ Алкмар е голем фаворит во дуелот против Елфсборг, па понудената квота од 2.10 ќе биде добитна ако домашните победат, но и ако има голови во двете полувремиња.
Голови се очекуваат на дуелот во Норвешка, каде што се среќаваат екипите на Бодо/Глимт и Порто. Квотата од 2.10 ќе биде добитна ако двете екипи постигнат барем по еден гол, но и ако има голови во двете полувремиња.
Галатасарај е фаворит во дуелот против ПАОК, па доколку победат во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, квотата од 2.20 ќе биде добитна.
Лидерот во шпанската Ла Лига, Барселона, е апсолутен фаворит против Хетафе на домашен терен. Од избраниците на Ханси Флик се очекува да имаат водство и на полувремето и на крајот да победат, а доколку тоа го сторат во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
На мечот од Лигата на Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Твенте, домашната екипа е голем фаворит, но квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако Црвените ѓаволи постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.