Барселона го губи еден од најдобрите играчи кој што ќе потпише за Челзи

Барселона измиантава година се соочува со голем број на проблеми, како на самиот терен, така и надвор од него.

Заминувањето на Лео Меси во летото претставуваше голем удар за Каталонците, додек тие во моментов се опоравуваат од лошото водење на минатото раководство.

Сепак, Барса ќе претрпи уште еден удар, барем ако се верува на каталонските медиуми кои велат дека Роналд Араухо, кој е еден од најдобрите играчи во моментов ќе замине во Челзи.

Договорот на 22-годишниот дефанзивец истекува наредното лето, а лондонскиот тим го посакува во своите редови, бидејќи преговорите меѓу Барса и играчот се прекинати поради големи недоразбирања околу платата.

Араухо пристигна во Барса во 2018 година во трансфер вреден пет милиони евра од Бостон Ривер од Уругвај, а неговата сегашна вредност се проценува на 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести