Барселона го пушти без пари, а сега ќе плати над 60 милиони евра за да го врати

Дани Олмо е една од најголемите шпански ѕвезди во подем и интересот за негов ангажман е сè поголем.

Шпанскиот репрезентативец, кој во моментов настапува за РБ Лајпциг, е цел на неколку великани, а најголем интерес за него изрази Барселона, клуб од којшто потекнува.

Олмо своевремено беше капитен на Барселона „Б“’, од каде што без пари замина во Динамо Загреб во 2014 година. Модрите минатата година на него ќарија 30 милиони евра, кога Олмо се упати кон РБ Лајпциг.

И во Лајпциг очигледно е дека има голем напредок во играта, а дефинитивно борбата за негов ангажман ќе биде голема бидејќи и двата великани од Манчестер се споменуваат меѓу заинтересираните.

 

- Оглас -

Најнови вести