Барселона и Баерн да победат за сценарио што најмногу го сакаат обложувачите

Рестартот во Европа Лигата и во Лигата на шампионите минува во супериорна доминација на домашните екипи, или на клубовите кои номинално беа одредени за домаќини во двата нокаут дуели во Европа Лигата.Досега сите 10 одиграни натпревари завршија со единици.

Останува уште вечерва Барселона да го победи Наполи на „Камп Ноу“ и Баерн да го стори истото во Минхен против Челзи за да се случи чудо и апсолутна доминација во мечеви од соминафиналната рунда во двете најквалитетни клупски натпреварувања во Европа.

Тоа со обложувачки речник би значело дека сите одиграни мечеви по кам-бекот на сезоната во ЛШ и ЛЕ, а ги има вкупно 12, би завршиле со „кецови“, варијанта која е најпосакувана за обложувачите.

Фудбалот во евро-куповите се врати во средата со три победи на екипи што реванш-осминафиналните мечеви ги играа дома.

На „Паркен“ Копенхаген го декласира Басакшехир со 3:0 и се пласира во четвртфиналето, а со ист резултат Шахтар во Киев го декласира Волфсбург.

Манчестер јунајтед имаше само рутинска задача на „Олд Трафорд“ и пак го победи ЛАСК, со 2:1 и сигурно зачекори кон завршницата.

Интер и Хетафе играа на неутрален терен во Гелзенкирхен, а Нераѕурите беа одредени и формално како домаќини на нокаут мечот и победија со 2:0.

Следниот ден во идентична ситуација беше Севилја против Рома во Дуисбург, а и тие победија во еден меч, со 2:1 и се пласираа во четвртфиналето.

Серијалот победи на домашните екипи продолжи истиот ден, во четврток, а со по 1:0 победи славеа Базел со Ајнтрахт, Баер Леверкузен против Глазгов ренџерс и Вулверхемптон со Олимпијакос.

За европска десетка се погрижија Јувентус против Лион и Манчестер сити со Реал Мадрид во двата реванш-дуели во Лигата на шампионите играни вчера.

И двете домашни екипи победија со по 2:1, доволно за пат понатаму на Сити, но не и за Јувентус, кој испадна во двомечот со францускиот тим.

Вечерва од 21 часот Барселона и Наполи ќе тргнат на „Камп Ноу“ со резултат 1:1, а Баерн ќе има само рутинска задача да ја задржи огромната предност од 3:0 од Лондон против Челзи.

Ако победат двата фаворити, по долг период ќе има дури 12 единици во исто толку натпревари во двата европски купови, Лигата на шампионите и Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести