Барселона и Реал Мадрид се разминаа во Купот, барем засега

Барселона и Реал Мадрид нема да играат еден против друг во осминафиналето на Купот на Шпанија во фудбал. И оваа рунда ќе се игра само во еден меч. Реал ќе гостува на „Ла Ромареда“ кај четвртопласираната екипа од Сегунда дивизија и некогашен долгогодишен прволигаш Сарагоса, додека Барса ќе игра дома против Леганес.

Сензацијата Културал Леонеса, која го елиминираше Атлетико Мадрид, за ривал ја доби Валенсија.

Двојки се: Бадахос – Гранада, Културал Леонеса – Валенсија, Тенерифе – Атлетик Билбао, Сарагоса – Реал Мадрид, Мирандес – Севилја, Рајо Валјекано – Вилјареал, Барселона – Леганес и Реал Сосиедад – Осасуна.

Мечевите се играат од 28 до 30 јануари.

- Оглас -

Најнови вести