Барселона и со новиот тренер остана на истата очајна игра, ама барем не загуби (Видео)

Барселона и по смената на Роналд Куман не успеа да го смени начинот на игра. Со Сержи Баржуан како привремен тренер, каталонскиот гигант на свој терен не успеа да го победи Алавес и на крајот заврши 1:1. По 11 одиграни меча, Барселона има само 16 бодови и веќе заостанува осум бода зад најголемиот ривал Реал Мадрид, кој е и лидер на табелата.

Статистички,ККаталонците доминираа на „Камп Ноу“. Имаа 80 отсто посед на топка, Шутнаа дури 16 пати, но на крајот дадоа само еден гол, а тоа не беше доволно да се победи. Мемфис Депај даде одличен гол во 49 минута и се чинеше дека фаворитот конечно го скрши отпорот на гостите.

Сепак, радоста на Барселона траеше кратко. Само три минути по голот на Депај, Алавес израмни. Риоха погоди за 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Освен двата гола, мечот го одбележа немилиот настан пред крајот на првото полувреме, кога Серхио Агуеро наеднаш почувствува проблеми со дишењето, се фати за градите и падна на тревата. За среќа, брзо реагираа лекарите, а Аргентинецот мораше да биде заменет.

 

- Оглас -

Најнови вести