Барселона има нова ѕвезда која покажа зошто има откупна клаузула од 500 милиони евра! (Видео)

Франсиско Тринкао е играчот кој Барселона го купи во зимскиот преоден рок, но договорот беше да пристигне на „Камп Ноу“ по завршување на сезоната. Младиот 20-годишен португалски напаѓач за траснфер од 31 милиони евра пристигна од тимот на Брага, а потпиша петгодишен договор со каталонскиот гигант, а откупната клаузула му е дури 500 милиони евра.

Уште во првиот неофицијален меч во дресот на Барселона, Тринкао покажа дека треба да биде голема надеж во екипата. На пријателскиот меч против Гимнастик Тарагона, Португалецот кој неодамна дебитираше и за националниот состав, покажа дел од своите квалитети.

Одлични дриблинзи предглед на игра, прецизни длабочински додавања се само дел од квалитетите кои ги покажа Португалецот на вчерашниот контролен дуел. Се очекува Тринкао да ја добие довербата од тренерот Роналд Куман. За разлика од добрата игра на Тринкао, холандскиот стратег синоќа ги упати првите критики на адресата на капитенот Лионел Меси. 

https://twitter.com/i/status/1304849704564350976

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести