Куман ги упати првите критики кон Меси

Додека поголем дел од шпанските екипи викендов играат во првото коло од новото првенство, Барселона уште е на подготовки. На вчерашниот меч против Гимнастик Тарагона, Барселона поведи со 3:1, од кои два погодоци беа од пенал.

На овој меч за прв пат во новата сезона, во тимот се појави и капитенот Лионел Меси. Аргентинецот кој инсистираше да си замине, го одигра првото полувреме, а потоа како и најголем дел од играчите, беше заменет. Меси направи вистински потег во првиот дел кога му дозволи на Антоан Гриезман да се поправи од белата точка и Французинот реализираше пенал.

Новиот тренер Роналд Куман кој по доаѓањето најави дека ниту еден фудбалер нема да биде превилигиран, па дури ни Лионел Меси, ги упати првите критики кон аргентинскиот виртуоз.

„Меси покажа дека има волја уште како во првиот ден . Добро тренираше во текот на последните неколку дена, но мора да ја поправи физичката подготвеност“, вели Коман, кој најави дека секогаш кога ќе има потреба, ќе упатува критики за Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести