Академијата на Барселона од секогаш важела за расадник на таленти од каде излегувале големи ѕвезди. Една од нив сигурно ќе биде и 16-годишниот Тони Фернандес, кој со акробатски гол за втората екипа влезе во историјата на клубот.
Тој со 16 години и 33 дена стана најмладиот фудбалер кој погодил за втората екипа на „каталонците“, која официјално се вика Барселона Атлетик и настапува во третата лига. Фернандес е репрезентативец на Шпанија до 17 години.
Barça Atlètic [1] – 0 Ourense – Toni Fernández 40´. GREAT GOAL.
byu/Yaysuzu insoccer

