Барселона ја „прегази“ Жирона, Миовски остана на клупата за резерви (Видео)

Барселона продолжува со одличните игри во шпанското првенство откако убедливо со 4:0 победи на гости кај Жирона. Со овој триумф, Барселона се реваншираше на Жирона за двата порази од минатата сезона (два пати со 4:2). Каталонскиот гигант останува единствен со перфектен биланс од пет победи и со 15 бодови е лидер на табелата, пред Реал Мадрид и Вилјареал кои имаат 11 бодови.

Тинејџерот Ламин Јамал уште еднаш потврди каков фудбалски потенцијал поседува постигнувајќи два гола во првото полувреме. Иако има само 17 години Јамал е вистински предводник на Барселона. Прво сам успеа да „украде“ една топка на противничкиот дефанзивец за водство од 1:0.

Неколку минути подоцна тинејџерот погоди и со шут надвор од шеснаесетникот.

Во втоото полувеме дојде редот на Дани Олмо кој погоди за 3:0 и Педри за водство од 4:0 по само 64 минути игра. До крајот на дуелот Жирона постигна почесен гол и тоа преку Стуани во 80 минута.

Барселона со пет победи во првите пет кола и минумим 17 дадени голови стартува само трет пат во историјата. Тренерот Ханси Флик се приклучи на Ернесто Валверде и Херардо Мартино кои имале максимални 15 бодови по првите пет кола и барем 17 дадени голови, но во тие два случаи во составот на Барселона беше и легендарниот Лионел Меси.

Кај Жирона, на клупата за резерви остана македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и не беше опција на домашниот тренер кој направи пет измени, но не го искористи напаѓачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести