Барселона ја „прегази“ Жирона, но потоа стигнаа лоши вести за каталонскиот гигант

Барселона одлично ја започна новата сезона во шпанското првенство откако стигна до пет победи во исто толку мечеви. Не само што победува, туку Барселона тоа го прави на убедлив начин, како на последниот меч против Жирона, кога славеше со 4:1.

Тренерот на каталонскиот гигант, Ханси Флик кој летово ја превзема функцијата, беше презадоволен од играта на неговите избраници, но на крајот не беше се идеално за нив.

Во второто полувреме се повреди Дани Олмо, кој сезонава веќе има постигнато три гола во сите три дуели на кои беше стартер. По направените контроли, некогашната ѕвезда на Динамо Загреб и Лајпциг, има повреда на ногата која бара пауза од седум до 10 денови.

Тоа значи дека Олмо нема да биде во составот на Барселона за дуелот против Монако во првото коло од Лигата на шампиони, но и за дербито во домашното првенство против Вилјареал во следното коло.

- Оглас -

Најнови вести