Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, има голем проблем со повредените фудбалери откако Педри се повреди на Европското првенство, а Роналд Араухо на Копа Америка. Сепак, Каталонците ќе добијат милионско обесштетување од ФИФА за повредите, што во никој случај нема да биде утеха за тренерот.
Фудбалерите кои настапуваат за своите репрезентации се осигурани, па ФИФА им исплаќа на клубовите одредена сума зависно од паузата. Екипите чии фудбалери паузираат подолго од 28 дена добиваат обесштетување, кое се исплаќа најмногу за 80 дена, но тука не влегуваат првите 15 дена, кои треба финансиски да ги покрие клубот.
ФИФА парите ги исплаќа според основната плата на фудбалерот, но сумата не може да биде поголема од 20.548 евра дневно. Според тежината на повредите на Педри и Араухо, Барселона ќе добие 3,2 милиони евра, односно 2,5 милиони евра за повредата на Аргентинецот и 700.000 евра за повредата на Шпанецот.

