20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Барселона лош меч како против Реал Сосиедад нема одиграно дури 10 години

Фудбалерите на Барселона синоќа го доживеаја вториот пораз во Ла Лига оваа сезона, откако загубија на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1-0, а првпат оваа сезона не постигнаа ниту еден гол.

Безидејноста во нападот на најдобрата офанзива во Европа најдобро се гледа по статистиката бидејќи Каталонците во текот на целиот натпревар не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, нешто што им се нема случено цели 10 години. Ваков катастрофален ефект последен пат имаа во 2014, на мечот против Малага, кога тренер на Барселона беше Луис Енрике.

Нападот на Барселона на претходните 12 натпревари од шпанската Ла Лига постигна вкупно 40 гола, а на четирите меча во Лигата на шампионите уште 15, што во просек би било речиси три и пол голови по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести