Барселона – Наполи ќе играат без публика на „Камп ноу“?

Смртоносниот Коронавирус прави сè поголеми проблеми во светот на спортот. Италија прва ги почувствува проблемите откако досега одложи повеќе наптревари кои требаше да се играат во последниве 10-тина дена. Последен во низата на одложени натпревари е денешниот меѓу Јувентус и Милан, кој требаше да се игра во Торино, во рамките од полуфиналето на Купот на Италија. Опасниот вирус се прошири и во Шпанија, каде што Владата на сите клубови им препорача затворање на трибините за да се спречи евентуалното ширење на Коронавирусот.

„Спортските настани кои привлекуваат голем број навивачи би требало да се играат пред празни трибини“, рече шпанскиот министер за здравство, Салвадор Илија.

УЕФА веќе одлучи дуелот меѓу Валенсија и Аталанта да се игра пред празни трибини, а тоа ќе се слуи и со мечот меѓу Хетафе и Интер во осминафиналето од Лигата на Европа. Останува челниците на Барселона да одлучат или пак од УЕФА да дојде одлука дека и мечот меѓу Барселона и Наполи на најголемиот стадион во Европа, „Камп ноу“ ќе се игра без присуство на публика.

Првиот дуел во осминафиналето од ЛШ се играше во Неапол и заврши 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести