Барселона ја забележа десеттата победа во Евролигата, а вечерва шпанскиот состав рутински се справи со Панатинаикос и славеше со 98:86.
Никола Миротиќ повторно ја потврди високата класа и со 23 поени и 7 скока беше лидер кај домаќините. Одлично одигра и Малколм Делани со 17 постигнати поени, 4 скока и пет асистенции.
барселона доминираше во текот на целиот меч, а гостите беа подобри само во третиот период што го добија со 18:16, недоволно за подвиг во „Блау Грана“.
Барселона повторно има ист биланс како вечниот ривал Реал Мадрид, а двете екипи го делат второто место со 10 победи и по три порази, зад лидерот Анадлоу Ефес кој има скор од 11-2.
Панатинаикос е на шсетото место со 8 победи и пет порази.
Вечерва на домашен теренх победија и Лион со Милано 89:82 и Баерн против Зенит со 77:69, додека единствената гостинска екипа што освои бодови е Валнсија по триумфот во Каунас против Жалгирис со 86:82.