Барселона не се откажува, идната година ќе го враќа своето дете на „Камп Ноу“

Барселона е подготвена да ја активира откупната клаузула за да го врати своето дете, Дани Олмо, на „Камп Ноу“.

Според германски „Билд“, управата на Лајпциг се помири се податокот дека во еден од следните два преодни рока, ќе остане без Дани Олмо.

Во новиот договор на Олмо кој минатата година го потпиша со Ред Бул Лајпциг, е вметната клаузула во висина од 60 милиони евра која ќе биде активирана идната година.

Според „Билд“, Барселона веќе издвоила 60 милиони евра за купување на Олмо и идната година ќе тропне на вратата на Ред Бул Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести