Барселона оди на сѐ или ништо против Севилја

Барселона – Севилја (21:30 часот)

Два гола не се многу, Барселона победувала или се пласирала во следна фаза и кога губела со поголема негатива. Но, Севилја играше одлично во првата средба, сличен, борбен пристап од нив се очекува и вечерва. За разлика од првиот меч, Валверде сега нема да го чува Меси, тој му е потребен да го води тимот кон исход кој ќе им обезбеди место во полуфиналето на Купот на Кралот.

Девет години шпанскиот првак не знае за пораз од Андалужаните на „Камп ноу“. Во 2010 година токму во рамките од Купот, Севилја последен пат славеше на терен од Барселона со конечни 2-1. Оттогаш, Каталонците дури 13 пати ги израдувале своите навивачи кога играле против Севилја.

Предлог тип: 1-1 2-5 (2.60)

 

Аталанта – Јувентус (20:45 часот)

Аталанта е еден од поомилените противници на Јувентус. „Старата дама“ има долга традиција против оваа екипа во двете италијански натпреварувања, последен пат загубиле во 2002 година, но Аталанта тогаш забележа пирова победа бидејќи и со неа беа елиминирани од Купот на Италија поради вкупен резултат. Од „старата дама“ се очекува да продолжи со добрите игри против фудбалерите на Гасперини и да биде чекор поблиску до одбраната на трофејот во италијанскиот куп.

Гигантот од Торино е непоразен на осум последователни меча во сите натпреварувања, победата пред неколку дена против Лацио (1-2) во последните минути треба да им биде дополнителен мотив за тоа дека не треба повторно да чекаат до последен момент да се изборат за посакуваниот резултат.

Предлог тип: X2 2-4 (2.15)

 

Ливерпул – Лестер (21 часот)

Рафа Бенитес им направи голема услуга на Ливерпул со тоа што неговиот Њукасл вчера го совлада Сити со 2-1, па сега „црвените“ имаат шанса да избегаат на +7 бода на табелата и да се зацврстат на табелата. Лестер е непредвидлив противник, но е во многу слаба форма, има четири порази на последните пет меча, а сето тоа оди во корист на Ливерпул. Напаѓачкото трио Салах-Мане-Фирмино е расположено, но Ван Дајк е неизвесен за настап поради настинка, што значи дека Клоп ќе има „разнишана“ одбрана против „лисиците“.

Според последните пет меѓусебни средби, Ливерпул води 3-2 во победи против Лестер, тие победи се последователни, што значи дека имаат шанса да ја продолжат ефикасноста против екипата која ја води Клод Пуел.

Предлог тип: Т1 1+ & T1 3+ (2.35)

 

Тотенхем – Ватфорд (21 часот)

Покетино мора што побрзо да смисли план како да излезе од малата криза да не прерасне во голема и да им пропадне сезоната. Кејн и Али се во аут до март, за нив нема адекватни замени, па без нив престанаа и головите. На „Вембли“ им доаѓа непријатниот Ватфорд, кој е непоразен на последните шест меча (три победи и три ремија).

Иако „спарси“ само еднаш претрпеле пораз во сите досегашни пресметки против „стршлените“, ништо не може да им гарантира дека и вечерва ќе останат непоразени. Меѓусебните пресметки редовно ги завршуваат со погодоци и на двете страни, а тоа се очекува и на овој меч.

Предлог тип: ГГ3+ (2.15)

 

Нант – Сент Етјен (21 часот)

Во Нант уште тагуваат по изчезнатиот Емилијано Сала, но обврските мора да ги завршат. Ќе има многу емоции на „Стад де ла Божоар“, јасно е дека ќе играат и ќе сакаат да победат во име на Аргентинецот. Против Сент Етјен бележат два последователни порази, а претходно три пати ремизирале.

Со три порази во низа во францускиот шампионат, Нант веќе извесно време стои на 15-тото место со 23 бода, додека Сент Етјен целат високо сезонава, засега се борат за излез во Европа.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.35)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести