Барселона одлучи дали ќе го задржи Валверде и следната сезона

Сезоната на Барселона се сруши за нешто помалку од еден месец. Екипата која играше одлично девет-десет месеци, во решавачките моменти попушти. Каталонскиот гигант најпрво на неверојатен начин пропушти позитива од 3:0 и во реваншот загуби со 4:0 од Ливерпул и беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампиони, за кулминацијата на очајот да се счучи синоќа во Севилја. Во финалето на Купот на Шпанија, Барселона со 2:1 загуби од Валенсија, па трофејот замина во витрините на „лилјаците“.

За овие два неверпјатни порази, многумина сметаат дека е виновен тренерот Ернесто Валверде. За да нема многу дилеми и шпекулации, веднаш се огласи и претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу.

„Секогаш велам дека Валверде е под договор со Барселона и затоа ќе остане и следната сезона. Не мислам дека тој е виновен за поразот од Валенсија“, рече Бартомеу по неуспехот против Валенсија.

Валверде сам не сакаше да зборува за својот статус во клубот и едноставно изјави дека не знае дали ќе остане тренер и следната сезона на „Камп Ноу“. Без разлика дали Валверде ќе остане или не, Барселона дефинитивно имаше очаен финиш на сезоната, па на крајот заврши само со пехарот наменет за шампионите во Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести