Барселона официјално соопшти кој тренер ќе седи на клупата за следниот меч

Некогашниот легендарен лев бек на Барселона, Сержи Баржуан ја доби довербата да ја води Барселона на следниот меч против Алавес. Сержи е „дете на Барселона“ затоа што уште како тинејџер дојде во клубот, а откако го помина младинските категории, во 1993 година заигра за првиот тим.

Сержи во Барселона остана до 2002 година, а потоа направи трансфер во Атлетико Мадрид, каде што помина три сезони, а потоа ја заврши кариерата во 2005 година. Додека играше за Барселона, беше дел и од репрезентацијата на Шпанија за која одигра 54 меча.

Од 2009 година, Сержи започна со тренерска работа и повторно негов прв клуб беше Барселона, каде што работеше со младинците. Потоа кратки периоди работеше во Рекреативо, Алмеира, Мајорка, беше во Кина во Женгјанг, а од неодамна повторно се врати во Барселона и ја доби задачата да го води Б тимот на Барселона.

По синоќешниот отказ на Роналд Куман, Сержи денеска ја доби довербата да биде привремен прв тренер на најдобриот тим. Првиот предизвик ќе го има веќе задутре, кога на „Камп ноу“ ќе гостува Алавес. Шпанските медиуми шпекулираат дека легендарниот Чави треба да биде новиот тренер на Барселона, но засега шанса добива Сержи.

- Оглас -

Најнови вести