Зошто Барселона плати 18 милиони евра за фудбалер кој играше само 128 минути и сега ќе го продаде?

Мартин Брајтвајт е фудбалерот за кого беа платени 18 милиони евра и тоа по завршувањето на зимскиот преоден рок. Тоа е фудбалерот кој неочекувано заврши во дресот на Барселона. Брајтвајт сезонава ја започна во тимот на Леганес и воопшто немаше најави дека може да стане играч на шпанскиот првак.

Дури и заврши зимскиот преоден рок, кога Барселона западна во неволја. Неочекувано, се повредија Луис Суарес и Усман Дембеле, па тимот од „Камп ноу“ остана без напаѓач. Челниците на шпанското првенство дозволија Барселона да најде засилување, но тоа мора да е фудбалер од домашното првенство.

Изборот падна на Брајтвајт, фудбалер кој имаше одлична полусезона во Леганес. Бидејќи Барселона не беше во ситуација да одбира, каталонскиот гигант мораше да плати дури 18 милиони евра за фудбалерот кој беше голем анонимус и не е име што би играло во Барселона.

Сепак, за да се покрие дупката во офанзивниот ред по повредите на Суарес и Дембеле, Барселона плати 18 милиони евра за овој играч. Брајтвајт, кој е дански репрезентативец, ни на сон не верувал дека ќе стане играч на Барселона. Брајтвајт одигра вкупно 128 минути како играч на Барселона, а потоа се стопираше првенството поради Коронавирусот.

Од Барселона најавија дека до продолжувањето на сезоната, се очекува целосно да закрепнат Суарес и Дембеле, а тоа ќе значи дека Мартин Брајтвајт ќе биде вишок. Играчот кој одигра само 128 минути во дресот на каталонскиот гигант сега веќе станува непотребен. Со Суарес и Дембеле во Барселона, Брајтвајт само би дремел на клупата за резерви.

Шпанскиот првак размислува да го продаде Брајтвајт, а како заинтересирани клубови засега се јавуваат Вест хем и Евертон во Англија, како и Торино и Сасуоло во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести