Барселона претпазлива, без Ансу Фати, но со згусната средина

Тренерот на Барселона, Кике Сетјен, одлучи во почетниот состав на гостувањето кај Наполи да не го стави младото крило Ансу Фати, туку да тргне со повеќе фудбалери во средниот ред на сметка на нападот, во кој осамен ќе биде Гриезман, помогнат од Меси.

Барса на „Сан Паоло“ ќе почне со Тер Штеген, Семедо, Пике, Умтити, Жуниор Фирпо, Ракитиќ, Бускетс, Видал, Де Јонг, Меси и Гриезман. На мечевите во шпанската лига, Сетјен најчесто го оставаше Видал на клупа, но ќе му треба борбениот Чилеанец за „војната“ против агресивниот противник и гласната публика.

Се официјализираа најавите дека во стартниот тим на Наполи ќе го нема Елмас, тој ќе биде на клупата за резерви. Наполи ќе игра 4-3-3 со Оспина, Марио Руи, Максимовиќ, Манолас, Ди Лоренцо, Деме, Зјелински, Фабијан Руиз, Калјехон, Инсиње и Мертенс.

- Оглас -

Најнови вести