15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Барселона пропушти шанса да му избега на плус 10 на Реал Мадрид, го доживеа првиот пораз во дуелите со Алмерија (Видео)

Фудбалерите на Алмерија го приредија најголемото изненадување во 23-то коло во Ла Лига, ја победија Барселона со 1:0.

Ова е прва победа за Алмерија во дуелите со Барселона. Во досегашните меѓусебни натпревари, Алмерија само два пати одигра нерешено и дури 11 пати загуби од каталонскиот тим.

Барселона не успеа да го искористи ремито на Реал Мадрид кој вчера против градскиот ривал Атлетико Мадрид одигра 1:1 и со евентуална победа да отиде на плус 10, сега има само седум бода предност на лидерската позиција на табелата пред Кралевите.

Голот кој ги шокира каталонците го постигна Ел-Билал Туре во 24-та минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести