21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Барселона против Басконија за круната во Шпанија

Басконија ја совлада Валенсија со 75:73 и ќе се бори за титулата во Шпанија против Барселона на 30 јуни. Екипата од Виторија по две години пауза, ќе се бори за шпанската круна по драматичното полуфинале во кое триумфира над домаќинот на турнирот кој имаше двоцифрена предност на полувремето.

Одличните Зоран Драгиќ и Токо Шенгелија со 21, односно 17 поени ја предводеа Басконија до победата, Ван Росом се истакна како најефикасен од редовите на Валенсија.

Барселона претходно без поголеми проблеми славеше против Сан Пабло Бургос со 98:84.

https://twitter.com/ACBCOM/status/1277320469423652864

- Оглас -

Најнови вести