Барселона се договори со играч на Манчестер сити

Ерик Гарсија може да го облече дресот на Барселона во следните неколку дена. Според најавите од Англија, дефанзивецот на Манчестер сити нема шанси да го продолжи договорот со Граѓаните, кој му истекува на крајот од сезоната, па доколку не биде продаден до 31 јануари, во летниот преоден рок ќе може да си замине како слободен играч.

Младиот шпански фудбалер во Сити пристигна во 2017 година, но сега верува дека е време да најде нов предизвик. Се најавува дека Барселона е подготвена да плати 10 милиони евра за да го има Гарсија на „Камп ноу“ уште во текот на оваа сезона, без да чека гратис играч во летниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести