Барселона си купи голем талент и опасен жонглер, за почеток ќе се кали во Б тимот (Видео)

Талентираниот офанзивец Пабло Торе е нов играч на Барселона и потпиша договор со гигантот со важност до 2026 година.

Момчето што има само 19 години доаѓа од редовите на Расинг и за почеток ќе се кали во Б тимот на Барселона.

https://twitter.com/mundodeportivo/status/1537086181812363265?s=20&t=B-5S2egaB0uNxU6vMMHsQw

Каталонците успеаја да ја добијат битката за Торе со уште неколку екипи кои беа заинтересирани за него, а веднаш по потпишувањето на договорот, објавено е дека отштетната клаузула за 19-годишниот фудбалер е 100 милиони евра.

https://twitter.com/FCBarcelonaB/status/1537036588399706112?s=20&t=qAXdG1znJzInCHr9PMLARw

- Оглас -

Најнови вести